Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, веројатно бил отруен со супстанца од класата на инхибитори на холинестераза, велат лекарите од болницата „Черите“ во Берлин.

Во овие супстанции спаѓа и отровот новичок, пишува Дојче Веле.

Тимот на лекари кои го лекуваат Алексеј Навални објави дека на рускиот опозиционер најверојатно му е даден нервен отров. Тоа е сè уште непозната супстанца од класата на инхибитори на холинестераза.

Случајот неодоливо потсетува на нападот на двојниот агент Сергеј Скрипаљ во Лондон пред две години, кога беше искористен отровот новичок

Овој нервен токсин предизвикува верижна реакција на протеините, кој ако не се излечи, може брзо да доведе до смрт. Новикок го блокира производството на ензимот холинестераза – и тоа е токму она што сега е забележано кај Навални.

Што се случува во нервниот систем за време на труењето?

Холинестеразата е важна во метаболизмот за распаѓање на невротрансмитерот ацетилхолин. Оваа супстанца има улога, на пример, во будењето или задржувањето на вниманието. Ако ацетилхолинот повеќе не се деградира, тоа предизвикува нервниот систем да биде бомбардиран со неинхибирани стимули. Патеките за пренесување на сигналот во овој случај се целосно преоптоварени и се однесуваат лудо.

Информациите потоа се пренесуваат од нервите на телесното ткиво, мускулите и органите, што доведува до зголемени проблеми со плунката и дишењето, затоа што пациентот веќе не може да ги контролира респираторните мускули самостојно. Парализата и конвулзиите може да бидат фатални ако труењето трае премногу долго.

Како можат лекарите да се борат со труење?

Како прво, лекарите мора да го спречат пациентот да се задуши поради грчевите на респираторните мускули. Поради тоа, Навални бил веднаш ставен на вештачка вентилација (тој билинтубиран).

Како противотров, лекарите користат атропин, алкалоид пронајден во, на пример, Atropa belladonna (Atropa belladona, отровно растение популарно познато како луда трева, волчја цреша или кучешка јагода). Атропинот практично ги зафаќа рецепторите на ацетилхолин во клетките и со тоа го ослабнува ефектот на бомбардирање на ацетилхолин.

Третманот мора да се продолжи се додека холинестеразата во телото не започне повторно да функционира. Затоа, лекарите во овој случај обично му даваат на пациентот друга активна состојка наречена пралидоксим, со цел да се стимулира повторното производство на холинестераза.

Слични содржини