Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека се противи на раното одобрување на вакцината против коронавирус.
Тој посочи дека вакцината не смее да се одобрува пред да се докаже дека е безбедна и ефикасна.
Фаучи тоа го соопштил откако два извори изјавиле за Си-Ен-Ен објавиле Белата куќа ја разгледува можноста за рано одобрување за итна употреба на вакцината, пред да завршат последните тестови.
Во меѓувреме, Микаел Капуто од Министерството за здравство негираше дека САД прават големи напори да го забрзаат развојот на вакцината од политички причини.
„Едно нешто што не сакате да се случи е вакцината да биде одобрена пред да знаете колку е ефикасна“, рекол Фаучи за Ројтерс.