Тимошенко во тешка здравствена состојба: Приклучена е на респиратор

од Nikola Popovski
133 прегледи

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која се наоѓаше во сериозна здравствена состојба поради инфекција со коронавирусот, приклучена е на респиратор и нејзината состојба сега е стабилна, објави АПА, повикувајќи се на РБЦ-Украина.

Здравствената состојба на Јулија Тимошенко била критична, нејзината температура не паднала под 39 степени, па лекарите решија да ја приклучат на респиратор.

Нејзината ќерка Евгенија и зетот Артур Чечокин исто така се заразени со коронавирусот, но тие имаат поблага форма на болеста.

Тимошенко (59), кој беше премиерка двапати пред да ги загуби претседателските избори во 2010 година, стана првиот висок украински политичар што се заразил со Ковид-19.

Оваа недела се забележува нагло зголемување на бројот на заразени во Украина, при што во саботата се пријавени 2.2328 нови случаи, 1.984 во недела, вчера 1.802 и денес 1.658. Вкупниот број на инфекции достигнал 108.415, а бројот на смртни случаи изнесува 2.318.

Слични содржини