Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за РТС изјавил дека се во тек подготовките за средбата со претставниците на Косово во Вашингтон и дека не се знае која ќе биде агендата.
Тој вели дека Белград ќе биде подготвен за сите опции и дека одлуките ќе бидат донесени на мудар начин.
Пред состанокот со делегацијата на Приштина во Вашингтон, Александар Вучиќ соопштил дека има многу луѓе во Србија кои лесно би ги решиле проблемите и кои би го навредиле претседателот на САД, но додал дека тој не може да го стори тоа затоа што ќе ги загрози српските интереси.
„Особено затоа што овој претседател повеќе ја поддржува Србија отколку некои други претседатели на САД“, рече Вучиќ.
Тоа ќе бидат непроспиени ноќи за нашата делегација
Вучиќ изјавил дека тие се подготвуваат за состанокот и дека тој не претерува кога вели дека Белград е десет пати повеќе подготвен од Приштина и дека тоа може да го потврдат меѓународните претставници.
„Работиме секој ден, се подготвуваме цел ден“, истакнал претседателот и додалдека не се знае точно која ќе биде агендата, но дека треба да зборуваат за економијата.
Сепак, како што вели, со можното присуство на Доналд Трамп можни се уште неколку идеи.
„Можам да им кажам на луѓето во Србија дека не се сомневам за делегацијата што ја водам. За сите нас тоа ќе бидат непроспиени ноќи, кои што воопшто нема да бидат лесни, но дека ја знаеме нашата задача и колку е таа света“, рекол тој, додавајќи дека Србија е најважна без оглед не сите предизвици.
Тој им порачал на луѓето да не се грижат и дека има искуство, во среќавање со највисоките светски лидери.
„И тоа ми дава право да кажам дека ќе донесеме одлуки на мудар начин“, вели Вучиќ, истакнувајќи дека ништо нема да биде отфрлено само за да се отфрли и дека она што е лошо и погубно за земјата нема да биде прифатено.