Таткото на застреланиот Афроамериканец: Блејк е парализиран, има 8 дупки во телото (видео)

од Nikola Popovski
155 прегледи

Таткото на Афроамериканецот Џејкоб Блејк, кој беше застрелан од полицијата во градот Кеноша во сојузната американска држава Висконсин, вели дека неговиот син е парализиран од половината надолу.

Тој за „Чикаго Сан Тајмс“ изјавил дека неговиот син бил застрелан осум пати за време на инцидентот со полицијата во неделата вечерта, како што можеше да се види на видеото направено од мобилен телефон, што доведе до немири во градот што траеле две ноќи.

Таткото на застреланиот Афроамериканец, кој исто така се вика Џејкоб Блејк, изјавил дека во неделата вечерта дознал дека полицијата пукала кон неговиот син и дека неколку минути подоцна го видел видеото од пукањето.

Тој додал дека неговиот син сега има „осум дупки“ на телото, како и дека лекарите не знаат дали тој ќе остане парализиран до крајот на животот, пренесува АП.

Видеото снимено преку телефон покажува дека Блејк очигледно е застрелан во задниот дел кога тој паднал во седиштето, додека во неговиот автомобил биле трите негови деца.

Човекот, кој тврди дека го снимал видеото, изјавил дека видел тројца полицајци кои му кажале на Блејк да го фрли ножот пред да започнат со пукање, но дека тој лично не го видел ножот во рацете на Афроамериканецот.

Гувернерот Тони Еверс изјави дека нема информации за тоа дали Блејк имал нож или друго оружје и дека во моментот се води истрага за случајот.

Слични содржини