„Драг Мило, фала ти што постоиш“: Рама се обрати на српски јазик (видео)

од Nikola Popovski
267 прегледи

На крајот на изборната кампања во Црна Гора, Демократската партија на социјалистите (ДПС) добила помош од Еди Рама, премиерот на Албанија.

Рама сними видео со поддршка за Демократската партија на социјалистите, во кое се обраќа на англиски јазик, но во еден момент изговара на српски „Одлучно за Црна Гора“, што е слоганот на изборната кампања на ДПС, и додава: „Благодарам драг Мило што постоиш“ .

Тој зборува и за добрите односи меѓу него и премиерот на Црна Гора, Ѓукановиќ, пријателството што го имаат и на тој начин ѝ дава поддршка на власта во Црна Гора, пренесува „In4s“.

https://www.facebook.com/desnarukaAmfilohija/videos/667016810601193/