Нови нереди во САД: Почина првата жртва на протестите во Висконсин (видео)

од Nikola Popovski
150 прегледи

Еден човек загина, а двајца други се повредени при пукање на улиците на градот Кеноша, Висконсин, каде што траат немирите три ноќи после полициската бруталност врз Американецот Џејкоб Блејк.

Според Ројтерс, на социјалните мрежи се појавило видео на кое се гледа пукање меѓу групи цивили, а неколку лица го нападнале човекот кој носел пиштол.

На видеото се гледа како човекот пука кон група луѓе кои му приоѓаат, како и човек кој паѓа на земја.

Полициските вооружени сили пукале со гумени куршуми, солзавци и шок бомби кон 300-400 демонстранти пред судот и паркот во центарот на Кеноша, поради непочитување на воведениот полициски час.

Пред само три месеци, смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во брутална полициска акција во Минеаполис доведе до национални протести. Сега случајот Блејк повторно предизвикува бес – не само во САД.

Слични содржини