По најавата на Меси дека заминува од Барселона: ФК Осогово понуди 200 шлепери биен ориз за Аргентинецот

од Aleksandar Petrovski
220 прегледи

По најавата дека Лионел Меси заминува од Барселона, нема клуб што не би сакал да го има овој фудбалер во својата екипа. Меѓу оние кои посакуваат Меси е и македонскиот второлигаш Осогово, барем така твитнаа од клубот.

На официјалниот твитер профил,барем преку шега Клубот се кандидира за потписот на Меси. Можат да го изнајмат на еден месец, а за тоа подготвува компензација во бел кочански ориз за Барселона.

„Компензацијата е спремна! Се товараат и последните 36 шлепери од вкупно 200 со биен ориз кои во текот на денот треба да тргнат за #Барселона! договорот е за 1 месец.

П.С. Подобро еден месец да Рика Лавот, одколку цел живот мјаууу!“, стои во твитот на Осогово.

Слични содржини