Кој сè вмеша прсти во политичката ситуација во Белорусија?

од Nikola Popovski
239 прегледи

Русија го смета однесувањето на САД и на голем број европски земји кон ситуацијата во Белорусија како отворено мешање во внатрешните работи на таа земја. Постојат повеќе од доволно докази за ова тврдење.

„Гледаме што прават балтичките држави, што работи Полска и сите други држави на ЕУ. Дури и НАТО. Ја гледаме позицијата на САД. Ние го квалификуваме ова како мешање во внатрешните работи на суверена држава. Имаме повеќе од доволно докази за тоа“, изјавила портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Таа додала дека јавните претставници на Белорусија кои сакаат да стапат во контакт со Русија, можат да контактираат со руската амбасада во Минск. Ставот на Русија е јасен.

„Немешањето во работите на суверена држава е основа на нашата надворешна политика. Ние ја градиме и реализираме врз основа на тоа, што со години се докажуваше зад нас. Сепак, поентата е дека имаме посебни односи со Белорусија и, се разбира, имаме одредени обврски…. Не станува збор за мешање или не мешање, туку за соработка со државата, за легитимна влада која се темели на правна основа“, рекла Захарова за телевизијата „Русија 1“.

Протестите на опозицијата во Белорусија продолжуваат повеќе од две недели, а беа предизвикани од резултатите од претседателските избори, според кои сегашниот претседател Александар Лукашенко освоил 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите и смета дека победила Светлана Тихановскаја, која замина во Литванија веднаш после изборите.

Слични содржини