Американските власти: Џејкоб Блејк имал нож во својот автомобил

од Nikola Popovski
253 прегледи

Младиот Афроамериканец Џејкоб Блејк, кој е тешко ранет од полицијата, која очигледно претерала со употребата на сила, поттикнувајќи антирасистички протести во САД, имал нож во својот автомобил, соопштиле властите во Висконсин во средата, пренесува АФП.

Во соопштението на Министерството за правда на сојузната држава се вели дека полицијата пристигнала на местото на настанот во Кеноша по телефонски повик од една жена која рекла дека кај неа има „пријател кој не смее да биде таму“.

Кога отишле на местото на настанот, соопштила полицијата, полицајците „неуспешно се обиделе да ја уапсат“ Блејк со помош на електричен парализатор (електрошокер)

29-годишниот татко во семејството ги предупредил дека „има нож со себе“, соопштиле локалните власти.

Инспекторите пронашле нож на подот на автомобилот во кој немало друго оружје, додале властите, откривајќи го името на полицискиот службеник, кој испукал седум куршуми во грбот на младиот човек: Рустен Шески. Тој во моментов е привремено суспендиран од работната функција заедно со уште полициски службеник

Слични содржини