Започнува истрага: Кој и зошто го отрул Навални?

од Nikola Popovski
171 прегледи

Министерството за внатрешни работи на Русија започна прелиминарна истрага за хоспитализацијата на лидерот на опозицијата Алексеј Навални, соопштуваат руските медиуми.

epa07747208 A television cameraman takes views of a hospital #64, where opposition leader Alexei Navalny was placed after an allergic reaction in Moscow, Russia, 29 July 2019. Alexei Navalny, was sentenced to 30 days of administrative arrest for repeated violation of mass rallies rules. EPA/MAXIM SHIPENKOV

„Во моментов истражителите од сообраќајната управа на руското Министерство за внатрешни работи за Сибирскиот федерален округ спроведуваат прелиминарна постапка за истрага, што била иницирана од Обвинителството за транспорт на Западен Сибир во согласност со утврдената постапка на хоспитализација на Алексеј Навални во Омск на 20 август“, изјави извор за ТАСС.

На 24 август, берлинската болница каде Навални се лекува, го потврди она што го велеа поддржувачите на Навални со денови: дека неговите симптоми одговараат на труење од надворешна супстанција.

„Клиничките наоди укажуваат на интоксикација од групата активни супстанци наречени инхибитори на холинестераза“, се вели во изјавата од болницата во која се додава дека „засега специфичната супстанца останува непозната“.

Ова ги потврди наводите дека Навални бил намерно отруен додека патувал за Москва од сибирскиот град Томск, каде што истражувал случај на корупција.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави вчера дека Москва е заинтересирана да ја утврди причината за состојбата на Алексеј Навални.

Слични содржини