Лукашенко: Во тек е хибридна војна против Белорусија

од Nikola Popovski
348 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на состанок во Минск изјавил дека некои соседи неуморно отворено се мешаат во работите на Белорусија и вршат притисок врз државата.

Лукашенко тврди дека „неуморните соседи“ на земјата не само што отворено ги изразуваат своите ставови за нови избори, туку почнуваат да се мешаат во внатрешните работи на земјата и вршат притисок врз државата.

„Во тек е дипломатска војна“, изјавил Лукашенко, пренесува државната агенција „Белта“.

Белорускиот лидер додал дека против земјата се водела „хибридна војна“ и „дипломатски масакр на највисоко ниво“.

„Денес, во тек е одредена фаза на хибридна, велам отворена, против Белорусија. Како поинаку да го наречеме? Медиумите и информатичката сфера беа погодени од оваа борба, војната меѓу спротивставените страни. Дипломатскиот масакр против нас започна на највисоко ниво“, посочил Лукашенко.

Лукашенко е убеден дека планот за приклучување на регионот Гродно кон Полска нема да се спроведе.

„Ги гледате овие изјави дека, доколку Белорусија се распадне, регионот на Гродно ќе се спои со Полска. Тие веќе зборуваат отворено за тоа, сонуваат за тоа. Сепак, нема да успеат во тој план, тоа го знам сигурно“, истакнал Лукашенко.

Тој додал дека земјата сега е принудена да потроши огромни суми пари со цел да се стабилизира ситуацијата на западната граница, каде што се префрлени некои воени единици.

Слични содржини