Во Карпош и Центар се намалува бројот на заболени од коронавирусот

од Берта Китинска
128 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19  од кои 45 се од Скопје.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).

Вчерашната статистика покажа дека бројот на заболени во Карпош и Центар е 90, но днешниот биланс покажува дека пополека бројот на заболени во овие две општини се намалува.

• Чаир – 117
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 105
• Карпош – 86
• Центар – 85
• Кисела Вода – 100
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 65
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 20
• Сарај – 26
• Арачиново – 16
• Илинден – 12
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 10
• Зелениково – 3
• Странец – 5
• Нераспределен – 4