Џејкоб Блејк се разбудил од кома: Зошто ме застрелаа толку многу пати?

од Nikola Popovski
214 прегледи

Афроамериканецот Џејкоб Блејк, парализиран од половината надолу, откако се освестил, го фатил татко му за раката, заплакал и го прашал „Зошто толку многу пати пукаа во мене?“

„Сине, не требаше да пукаат ниту еднаш“, изјавил таткото, кој зборувал за разговорот со неговиот сериозно повреден син, кој се разбудил од кома, во интервју за Си-Ен-Ен.

Џејкоб Блејк, од американската држава Висконсин, бил застрелан во грбот седумпати од двајца полицајци кои се обиделе да го уапсат оваа недела во Кеноша.

Децата на Блејк, на возраст од три до осум години, го гледале пукањето од задното седиште, додека нивниот татко се обидел да влезе во автомобилот.

„Зошто го пукаа татко ми во грб“

„Дедо, зошто го пукаа татко ми во грб?“, прашал синот на Џејкоб, изјавил таткото на застреланиот Афроамериканец.

Таткото на Блејк, кој исто така се вика Џејкоб, прашал зошто неговиот син е врзан за болничкиот кревет.

„Зошто тој ладен челик околу глуждовите? Тој не може да стане, дури и ако сака“, прашал тој.

Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, рекол дека разбрал зошто е тоа потребно, додека адвокатот на семејството Блејк изјавил дека нема објаснување за тоа.

Пукањето во Кеноша предизвика протести, кои прераснаа во насилни демонстрации, додека гувернерот на Висконсин ја повика Националната гарда на помош.

ООН: Прекумерна сила

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права соопштила дека снимките од пукањето на Блејк покажале дека полициска употреба на „прекумерна“ сила што веројатно била дискриминаторска.

„Од достапните снимки што ги видовме досега, се чини дека полицијата употребила прекумерна сила врз Џејкоб Блејк“, соопштил Руперт Колвил од ООН за време на онлајн-седницата во Женева, додавајќи дека таквата сила не е во согласност со меѓународните стандарди.

„Исто така, се чини многу веројатно дека оваа сила има дискриминаторска природа“, нагласил тој.

Колвил е портпарол на канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права при ООН, Мишел Башелет, чиј глас носи морален авторитет, но таа институција не може да ги присили државите да ги следат нејзините препораки.

Слични содржини