Црни бројки на Балканот: Нови 333 заразени во БиХ

од Nikola Popovski
240 прегледи

Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина биле тестирани 1.513 граѓани за коронавирус, од кои 333 биле позитивни, а три лица починале.

Во Федерацијата на БиХ се регистрирани 244 новорегистрирани заразени лица, а во Република Српска 89, објавиле босанските здравствени власти. Во БиХ денес се излечени 8.403 пациенти,а во моментов има 3.273 активни случаи.

Два нови смртни случаи се пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата, а од денес вкупниот број на смртни случаи изнесува 331. Во Република Српска, во последните 24 часа биле тестирани 585 примероци на коронавирус, од кои 89 биле позитивни. Едно лице позитивно на вирусот починало.

Досега се потврдени 7.257 случаи на коронавирус во Република Српска, а вкупно починале 245 лица кај кои е потврден тест за новиот вирус.