Берлин: Полицијата го растури протестот, противниците на корона-мерките не ги почитувале мерките (видео)

од Nikola Popovski
187 прегледи

Полицијата во Берлин наредила прекин на протестите на противниците на мерките против пандемијата на коронавирус поради непочитување на правилата за носење маски и одржување дистанца, објавила полицијата во саботата на Твитер.

„За жал, не ни останува ништо друго: ги информиравме организаторите на протестот за одлуката да се запре протестот затоа што досега предупредувањата не резултираа со усогласеност со условите за одржување на протестот“, соопштила полицијата на Твитер.

Откако судот ја укинал забраната за протести против мерките против ширење на пандемијата од коронавирус, издадена од градот Берлин пред неколку дена, полицијата објави дека протестот ќе се толерира само доколку учесниците се придржуваат кон правилата за растојание и носење заштитни маски, што не беше случај.

„Правилото за одржување на растојание, и покрај повеќекратно барање преку звучник, не се почитуваше“, се вели во соопштението.

Протестот беше организиран од иницијативата „Квирденен 711“ од Штутгарт, но и од десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија (АфД).

Демонстрантите започнаа да пристигнуваат во Берлин рано изутрината и во колоната можеа да се видат многу знамиња на Русија, Германија и знамињата на Германската империја.

Демонстрантите побараа заминување на канцеларката Ангела Меркел и укинување на сите мерки за борба против коронавирусот и носеа транспаренти со членови на германската влада во затворски униформи.

Слични содржини