Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објавил дека во претходните 24 часа биле регистрирани 312 нови случаи на инфекција со коронавирус.
Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 2.654, пишува хрватски „Индекс“.
Меѓу нив, 211 пациент се во болница, од кои 12 се приклучени, а три лица починале.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 9.861 лице заразени со новиот коронавирус, од кои 183 починале, а 7.024 се излечиле.
Во моментов има 9.148 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 165.716 лица, од кои 3.415 во последните 24 часа.