Медиуми: Како Трамп реагирал на пропуштениот повик од Путин?

од Nikola Popovski
248 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп еднаш му се развикал на својот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин, бидејќи не му кажал дека имал телефонски повик со рускиот лидер Владимир Путин, пишува „Њузвик“.

Според поранешниот шеф на администрацијата на тогашната премиерка на Велика Британија, Тереза ​​Меј, Ник Тимоти, за време на официјалната средба со британската делегација во 2017 година на Белата куќа, некој спомнал дека Путин неодамна го повикал американскиот лидер, по што Трамп започнал да вика на Флин.

„Тој навистина викаше. Бевме на официјален ручек и тој му викна преку масата “, се присетил Тимоти.

Според поранешниот функционер, на крајот Трамп извикал: „Ако Путин сака да разговара, само поврзете го со мене“.

Мајкл Флин ја напушти функцијата советник на претседателот откако во медиумите се појави информацијата дека тој криел од потпретседателот на САД, Мајкл Пенс, дека одржува контакти со Сергеј Кисљак, тогашниот руски амбасадор во САД.

Слични содржини