На парламентарните избори во Црна Гора, до 9:00 часот гласале 14,7 проценти од гласачите, што е двојно повеќе од изборите во 2016 година, се вели во податоците на Центарот за мониторинг (СЕМИ).
Координаторот на овој центар, Маја Бјелиќ, изјавила дека излезноста во Подгорица е 15,2 проценти, во јужниот регион 15,5 проценти, а на северот 12,6 проценти.
Бјелиќ соопштила дека биле забележани голем број неправилности и дека биле примени 82 пријави.
Во една од пријавите се наведува дека претседателот на комисијата на избирачкото место ги изговарал имињата и презимињата на гласачите, како и нивниот реден број, со што грубо ја нарушил тајноста на гласањето.
„Таквото однесување подразбира кршење на членот 69 од Законот за избор на советници и заменици“, рекол Бјелиќ.
Набљудувачите забележале недоволна конзистентност во примената на пропишаните мерки и техничките препораки на Државната изборна комисија за намалување на ризикот од појава на Ковид-19.