Крвава пресметка на ривалски групи на демонстранти: Едно лице убиено на протестите во Портланд (видео)

од Nikola Popovski
195 прегледи

Едно лице е застрелано за време на синоќешните судири на улиците на американскиот град Портланд меѓу приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп и демонстрантите од движењето „Црните животи се важни“(Black lives matter).

Конфронтацијата и физичките пресметки меѓу демонстрантите и приврзаниците на Трамп, кои се движеле во колона од околу 600 возила, се случија во центарот на градот, а сè уште не е јасно дали убиството е директно поврзано со тоа, според АП.

Сепак, според еден фоторепортер на таа агенција, три истрели од огнено оружје се слушнале на самото место непосредно пред убиството, а потоа биле видени припадници на полициската медицинска служба како се упатуваат кон ранетиот човек.

Мажот, според фоторепортерот, носел капа со ознаки на десничарска организација чии членови во минатото неколку пати се судриле со демонстрантите во Портланд.

Полицијата соопштила дека по пристигнувањето на лекарскиот тим било утврдено дека човекот, кој бил застрелан во градите, починал.

Секојдневните протести во Портланд, предизвикани од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, траат повеќе од три месеци.

Слични содржини