Националниот штаб за справување со коронавирусот во Хрватска соопштил дека се потврдени 262 нови случаи на инфекција со коронавирус од вчера од 12.15 часот до утрово во 7,45 часот, а вкупниот број на активни случаи достигнал 2.727.
„До денес се тестирани вкупно 166.638 лица, а само во вчерашниот ден биле спроведени 922 тестови“, соопштија од штабот.
Од вкупниот број на пациенти, 229 се хоспитализирани, а 13 лица се на приклучени на респиратор, од кои едно лице починало, објави хрватскиот портал Индекс.хр.
Од почетокот на епидемијата на 25 февруари 2020 година, во Хрватска се потврдени 10123 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 184 лица починале, а 7.212 пациенти се излечиле.
Во изминатите 24 часа, во градот Загреб се евидентирани 63 нови случаи на инфекција со коронавирус, а на 222 лица им е изречена мерка на самоизолација, објавил Наставниот институт за јавно здравје д-р Андрија Штампар.