Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ гласал на денешните избори во таа земја.
Во изјава за медиумите, тој изразил очекување дека изборите ќе се одржат во услови на стабилна и демократска атмосфера и дека високиот одѕив не е изненадување.
„Знам дека и од двете политички страни им дадовме упатства на гласачите да ја исполнат својата обврска да гласаат до пладне, така што ќе присуствуваме на поголема излезност во овој дел од денот. Јас секогаш сум среќен кога излезноста е поголема, бидејќи тоа значи дека во општеството луѓето ја чувствуваат својата одговорност за прашањата за идниот правец на развој“, рекол Ѓукановиќ откако гласал на изборите.