Манчевски кон Јанушев: Голема е нервозата затоа што секој ден некој од партијата ви бара оставка

од Берта Китинска
298 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше дека јавноста го гледа неговото нервозно излагање.

– Јанушев и кога го гледа јавноста и кога не го гледа се однесува исто, тропа на маса и вика од место, јасно е, голема е нервозата кај него затоа што секој ден некој од партијата им бара оставка, а оставка се бара од главата или од оној кој имал најлоши резултати.Кога веќе зборувате за криминал и корупција, свртете се лево десно околу вас и изборјте колку кривични пријави имате. Правдата ќе ве стигне, ќе има и прочистување на судството, нема веќе бегање од одговорност, посочи Манчевски.

Слични содржини