Одреден број полицајци во Црна Гора биле распоредени на денот на изборите на места од кои не можеле да дојдат на нивните избирачки места, а не им било дозволено да гласаат на други избирачки места, поради што се пожалиле на челниците во Министерството за внатрешни работи.
Полициските службеници кои „биле не непознат терен“ на денот на изборите, биле распоредени во друга општина, пренесува IN4S.
Затоа, тие се обратиле до министерот Мевлудин Нуходиќ, директорот на УП, Веселин Веjовиќ и началникот на ЦБ Подгорица, со барање, согласно член 75 од Уставот на Црна Гора, да им се даде право на глас на изборите.
Тие побарале од надлежните институции да не им ги оневозможуваат основните граѓански и човекови права.
Во меѓувреме, се огласил и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Мевлудин Нухоџиќ, кој им порачал на сите службеници на полициската управа дека ќе им биде овозможено да ги остваруваат своите гласачки права, без оглед на работните задачи и редовните активности, пренесуваат црногорските медиуми.
Полициската управа тврди дека полициските службеници биле распоредени врз основа на утврден план за активности, пренесува „Вијести“.