Силно невреме ја погоди Хрватска денес, а според медиумите, ветерот носел дрвја, додека некои улици во Риека биле поплавени.

Паѓал град, а силниот ветер ги рушел дрвјата, а исто така ги оштетил и покривите на зградите, пренесува хрватскиот портал „Јутарњи“.
Многу улици се поплавени.
Во Свети Мартин на Мури, лимови одлетале од покривите и оштетиле автомобили и далноводи, а имало и прекин на електричната енергија.
Според порталот „Инфо Водице“, морето ја поплавило плажата на Шрима за 20 секунди, и се повлекло по 15 минути.
Тоа, како што се посочува, се случило двапати во еден час. Многу пливачи биле изненадени, па не успеале да ги соберат работите од плажа.
За утре се најавува уште поголема промена на времето, цела Хрватска е под предупредување на Метеоаларм.