Од синоќа полицијата во Црна Гора го блокираше кругот околу најважните државни институции – Владата на Црна Гора, Парламентот, претседателството …

Блокиран е дел од булеварот Свети Петар Цетињски од Поштата до старата зграда на Владата, како и улицата Станко Драгојевиќ, пренесува „Вијести“.
Вчера се одржаа парламентарни избори во Црна Гора. Државната изборна комисија ги објави прелиминарните резултати од парламентарните избори врз основа на 98,55 проценти од обработениот примерок, според кој Демократската партија на социјалистите освои 35,12 проценти, а коалицијата За иднината на Црна Гора 32,52 проценти од гласовите.