Конечни резултати од изборите во Црна Гора: ДПС 35.06, „За иднината на Црна Гора“ 32.55

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Државната изборна комисија на Црна Гора ги објави резултатите врз основа на 100 проценти од пребројаните гласови.

Државната изборна комисија ги објави резултатите од парламентарните избори врз основа на 100 проценти од пребројаните гласови, според кои Демократската партија на социјалистите освои 35,06 проценти, односно 143.548 гласови, а коалицијата За иднината на Црна Гора 32,55 проценти (133.267).

Коалицијата „Мирот е нашата нација“ освои 12,53 проценти (51.297), Црно на бело 5,53 (22.649), Социјалдемократите 4,10 (16.769), Бошњачката партија 3,98 (16.286), СДП – Силна Црна Гора 3,14 (12.839), Албанската листа 1,58 (6.488) и Албанската коалиција Едногласно 1,14 проценти (4.675).

Хрватската граѓанска иницијатива освои 0,27 (1.115), а Хрватската партија за реформи 0,13 проценти, или 532 гласови.

Според проекцијата на Центарот за мониторинг и истражување, ДПС имата 30 места, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 27, „Мирот е нашата нација“ 10 места, „Црно на бело“ четири. Социјалдемократите и Бошњачката партија би имале по три места, две СДП и по едно Албанската листа и еден АК Едногласно.

Денот на изборите помина мирно, иако невладините набљудувачи забележаа низа неправилности на гласачките места. Повеќе од половина милион црногорски граѓани избираа меѓу шест коалиции и пет партии.