Палестинскиот премиер: Боли кога гледате како израелски авион слетува во Абу Даби

од Aleksandar Petrovski
161 прегледи

Палестинскиот премиер Мохамад Штајех денес го критикувал директниот лет на израелски авион кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), велејќи дека таквата сцената е болна.

Говорејќи на почетокот на редовниот неделен состанок на палестинската влада во Рамала, Штајех истакнал дека слетувањето на израелски авион во Абу Даби го крши арапскиот консензус за одбивање на нормализација на врските со Израел пред да ја прекине окупацијата на Палестина.

„Многу е болно да се види како израелски авион слета денес во Обединетите Арапски Емирати, што јасно го нарушува арапскиот став кон арапско-израелскиот конфликт“, рекол тој.

„Повеќе би сакале да имаме авион на ОАЕ во Ерусалим по неговото ослободување. Сепак, живееме во сложена арапска ера“, заклучил палестинскиот премиер пренесува палестинската новинска агенција ВАФА.

Слични содржини