Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјавил дека е тешко да се поверува во постигнување на меѓусебно признавање за време на претстојниот дијалог Белград-Приштина во Вашингтон, но додал дека на состанокот ќе се види „политички напредок“ во односите меѓу двете земји.
Харадинај за приштинската телевизија „Т7“ изјавил дека сите лидери на владејачката коалиција се состанале и детално разговарале за тоа што ја чека косовската делегација на состанокот во Вашингтон на 4 септември.
„Принципот на територијална неповредливост. За принципот на уставност и Заедницата на српски општини воопшто нема да се разговара во Вашингтон. Малку е тешко да се поверува дека ќе се постигне меѓусебно признавање. Но, ќе има политички напредок”, рекол Харадинај, пренесува Танјуг.
„ЕУ се плаши“
Според него, Белата куќа ќе побара поголем напредок во дијалогот од Европската унија, пренесуваат косовските медиуми.
„Европската унија стравува дека Белата куќа ќе инсистира на конечен договор, но тоа нема да се постигне. Ќе има голем напредок во меѓусебните односи. Главно ќе се дискутира за економските прашања“, додал Харадинај.