241
Градинките почнуваат со работа на 9 септември одлучи денеска Владата.
„Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа. Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца“, стои во соопштението на Владата.