Порака од Бундестагот: Труењето на Навални е можно само со учество на руската влада

од Nikola Popovski
147 прегледи

Труењето на Навални е можно само со учество на руската влада, смета претставникот на германската партија во Бундестагот, ЦДУ/ЦСУ.

Нервниот гас „новичок“, со кој беше затруен Навални е тешко да се стигне и може да се добие само во специјализирани лаборатории, изјавил портпаролот на парламентарната група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ, Јирген Харт.

„Поради тоа, на парламентарната група ЦДУ / ЦСУ ѝ е очигледно дека оваа отровна супстанца може да се купи и произведе само со помош на руската влада“, истакнал Харт.

„Деталната анализа на специјалната лабораторија на Бундесверот не остава сомнеж дека Алексеј Навални, како и Сергеј Скрипал пред тоа, бил отруен со многу ефикасен отров од групата „новичок“. Ова ги потврдува нашите најлоши стравови. „Овој отров е тешко да се произведе и може да дојде само од високо специјализирани лаборатории“, реколХарт.

Партијата ЦДУ/ЦСУ не ја исклучува можноста за воведување нови санкции кон Русија поради ситуацијата со труењето на рускиот опозиционер Навални, додал Харт.

„Германија, заедно со другите земји од Европската унија, треба да развијат заеднички став кон Русија, што не исклучува понатамошни чекори за санкции“, прецизирал тој.

Германската влада, повикувајќи се на лабораторијата Бундесвер, претходно објави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил „отруен“ со супстанца од групата хемиски воени отрови „новичок“.

Во таа насока, портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјавил дека Берлин не ја известил Москва за своите заклучоци и дека Русија нема такви податоци. Министерството за надворешни работи на Русија, од своја страна, посочи дека Русија чека одговор на Германија на барањето за ситуацијата со Навални.

Слични содржини