Меркел со закани до Москва: Светот чека одговори од вас за случајот со Навални

од Nikola Popovski
152 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел пред новинарите во Берлин изјавила дека го смета Алексеј Навални за „жртва на криминал“.

„Алексеј Навални беше жртва на напад на хемиски нервен агенс од групата „новичок“. Овој отров несомнено се најде во анализата и потврдува дека Алексеј Навални бил жртва на злосторство. Требало да биде замолчен. Најостро го осудувам ова во името на германската влада“, посочила Меркел.

Канцеларката додала дека она што му се случило на опозиционерот Навални покренува „тешки прашања“ на кои може да одговори само Русија.

„Рускиот амбасадор беше информиран од Министерството за надворешни работи за резултатите од испитувањата. Очекуваме руската влада да објасни што се случило. Постојат многу тешки прашања на кои само руската влада може и треба да одговори“, рекла таа.

Според неа, судбината на Навални го привлече светското внимание.

„Светот чека одговори“, нагласила таа.

Германската канцеларка објавила дека разговарала за новите околности во случајот со Алексеј Навални со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

Слични содржини