Заковале даски на вратите: Родители со месеци ги држеле децата затворени поради страв од коронавирусот

од Nikola Popovski
143 прегледи

Суд во Шведска им одзел трите деца на родители, кои што ги држеле изолирани со месеци поради страв од коронавирус, пишува „Thelocal.se“.

Родителите не им дозволувале на децата да излегуваат надвор, при што заковале дрвени штици на вратата од куќата и ги заклучиле во нивните соби, каде што им носеле само храна.

Родителите на децата на возраст од 10 до 17 години не им дозволувале да го напуштат својот дом во градот Јонкопинг од март до јули.

Тие потекнувале од друга земја, но не било наведено од која. Според информациите објавени во шведските медиуми, родителите не зборувале добро шведски, а земјата од која доаѓале имале многу строги мерки.

Родителите пред судот рекле дека се плашеле од коронавирусот и дека немале намера да им наштетат или да ги запостават децата.

Судот соопштил дека нема причини да не му верува на најстарото дете кое кажало дека биле заковани даски на вратите и дека родителите им забраниле да излегуваат надвор и да одат на училиште.

Во пресудата пишувало дека родителите од претходно им биле познати на социјалните служби.

„Истрагата покажала дека изолацијата негативно влијаела на децата и дека постоел значителен ризик по нивното здравје или развој. Независно од причината за изолација, потребите на децата не биле земени предвид“, пишува во пресудата.

Слични содржини