Трагедија во Германија: Убиени пет деца, осомничена мајката

од Nikola Popovski
190 прегледи

Безживотни тела на пет деца биле пронајдени во стан во град во западна Германија, објавила полицијата во четвртокот.

Полицијата не објаснила кој ги пронашол телата во градот Солинген, близу Келн, јавила новинската агенција „DPA“.

Исто така, засега нема официјални информации за причините за смртта, ниту за евентуални осомничени.

Магазинот „Focus“, повикувајќи на неофицијални извори пишува дека „постојат многу индиции“ дека извршител на злосторството е мајката на децата. Се додава дека децата се на возраст од: една, две, три, шест и осум години.

Агенцијата „DPA“ и весникот „Bild“ наведуваат дека мајката истрчала на блиската магистрала, каде била удрeна од автомобил, но преживеала и е во сериозна состојба. Истите извори наведуваат дека уште едно дете од истото семејство, на 11 години, е со неговата баба. Новинската агенција, повикувајќи се на полициски извори, наведува дека мајката го сторила делото.

Во извештајот на „Bild“ се наведува дека бабата ја алармирала полицијата дека нејзината 27-годишна ќерка убила пет од нејзините деца и дека излегла со уште едното дете за да се самоубие.

Слични содржини