Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјавил денес дека резултатот од изборите во Црна Гора ќе бил „многу поубедлив“ доколку Србија се мешала, но дека тоа не се случило.
„Тие никако да сфатат дека проблемот не е Србија или Србите што живеат во Црна Гора, туку дека тоа се нивните граѓани“, рекол Дачиќ за Радио Телевизија Србија, коментирајќи ги обвинувањата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Дачиќ изјавил дека е целосно јасно дека е народна волја Демократската партија на социјалистите, предводена од Ѓукановиќ, да ја напушти власта, за што, како што рече, виновен е самиот Ѓукановиќ, односно таа партија.
„Се создаде таква атмосфера во општеството што беше неизбежна. Србите сами во Црна Гора не можеа да го постигнат овој резултат“, рекол Дачиќ.
Дачиќ посочил дека Србија „не е заинтересирана за тоа кој е на власт во Црна Гора, ниту пак ги интересира што Црна Гора сака во политичка смисла или надворешната политика“.
„Ние сме заинтересирани за позицијата на Србите, српскиот идентитет, националниот, културниот, верскиот, политичкиот“, рекол тој.