Од кога се појавија првите два позитивни на коронавирус во Косово и Метохија на 13 март, бројот на пациенти достигнал 13.713. 
Според последните податоци на приштинскиот институт за јавно здравје, евидентирани се 112 нови случаи, додека шест лица починале.
Од почетокот на епидемијата, 539 лица починале поради последиците од инфекцијата со Ковид-19, додека 9.923 лица се наведени како излекувани, пренесува „Косово онлајн“
Во моментов има 3.251 активен случај на коронавирус во Косово и Метохија, а последните 24 часа, биле тестирани вкупно 488 примероци во Институтот за јавно здравје во Приштина и по приватните болници.