Русија: Кој прв ќе биде вакциниран против коронавирусот?

од Nikola Popovski
197 прегледи

Руското Министерство за здравство објавило нова инструкција за лечење од коронавирусот, осма по ред, во која се наведува кои делови од општеството ќе имаат приоритет во однос на вакцинацијата.

Во таа група која ќе биде прва за вакцинирање се: сите вработени во медицински установи, вработени во образовни институции, полицијата, вработени во јавниот превоз, трговци, социјални работници.

Исто така, оваа група вклучува вработени во угостителски компании и сите други каде што работата вклучува директен контакт со голем број луѓе (хотели, фризерници, хемиско чистење, банки, обезбедување ) ученици и студенти.

Министерството прецизирало дека оние кои не се заразиле со коронавирусот можат да бидат вакцинирани, т.е. тие што немаат антитела.

Министерството за здравство на Русија на 11 август ја регистрираше првата вакцина во светот за превенција од коронавирусот, што ја изработи научниот институт „Гамалеј“ заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Вакцината беше именувана како „Спутник V“, а рускиот претседател Владимир Путин неодамна објави дека втората руска вакцина ќе биде регистрирана во септември.

Директорот на Фондот за директни инвестиции, Кирил Дмитријев, објавил дека фондот примил барања од повеќе од 20 земји за набавка на милијарда дози на руска вакцина против вирусот. Во исто време, тој посочил дека Русија се согласила за производство на вакцини во пет земји, а расположивите капацитети овозможуваат производство на 500 милиони дози годишно.

Слични содржини