О’Брајан: Многу добра рунда, разговорите продолжуваат утре

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Специјалниот советник за безбедност на претседателот на САД, Роберт О’Брајан, се огласи вечерва по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, во Белата куќа.

Тој оцени дека зад нив е многу добра рунда разговори и најави нивно продолжување утре.

– Многу добра рунда разговори попладнево со лидерите на Србија и Косово. Денес тие навистина напредуваа. Економијата и нормализацијата значат работни места за младите. Разговорите ќе продолжат утре – напиша О’Брајан на својот профил на Твитер.

Заедно со О’Брајан, на состанокот присуствуваше и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел.

Слични содржини