Мајк Помпео ќе се сретне поединечно со Вучиќ и Хоти, подоцна средба и со Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
452 прегледи

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на одделни средби ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на привремените институции на Косово, Авдулах Хоти, пишува „Нова.рс“.

Помпео прво ќе се сретне со Вучиќ, во 11.30 часот по локално време, објави Стејт департментот.

После тоа, во 14 часот по локално време, Помпео ќе се сретне со Хоти.

Разговорите меѓу делегациите на Белград и Приштина продолжуваат денес во Вашингтон.

Белата куќа во четвртокот вечерта, по локално време, соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Овалната канцеларија ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на привремените институции на Косово, Авдулах Хоти, ќе присуствува на церемонијата на потпишување и ќе учествува на трилатералниот состанок.