Вучиќ: Нема признавање на Косово, Србите можат да бидат спокојни

од Vladimir Zorba
117 прегледи

По средбата во Белата куќа, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека граѓаните на Србија можат да бидат спокојни, бидејќи нема да има признавање на Косово.

„Направивме билатерален договор со Соединетите држави. Не трилатерален. Третата страна не е призната, што е многу важно за нас“, рече Вучиќ.

„Благодарен сум на претседателот Доналд Трамп што оствари долга билатерална средба со српската делегација. Поминав повеќе од 15 минути со претседателот на САД. Тој изрази желба да дојде во Србија, затоа во официјалниот дел ја повторив поканата да дојде во нашата земја“, рече Вучиќ.

Според него, овој договор ги регулира односите на Србија со најголемата моќ во светот.

„Нема „точка 10“, нема признавање на Косово, Србите можат да бидат спокојни. „Приштинската страна се спротивстави на точката што се однесува на Газивода, „Мини Шенген“ и онаа што се однесува на меѓусебно признавање на дипломите“, рече тој, повторувајќи дека е постигнат добар договор за Србија.

„Отворањето на Фонд за развој во Белград е планирано за нас. Тоа не е случај во Приштина. Тоа ќе значи силен сигнал до кредитните агенции и инвеститорите, и американските и сите други од Западот“, изјави Вучиќ.

Вучиќ рече дека договорот предвидува поделба на енергетските ресурси на езерото Газивода.

„Ние бевме за тоа затоа што досега немавме киловат електрична енергија од Газивода. Затоа албанската страна се спротивстави. Ова е одлично за нас, и предизвика големи немири во Приштина“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ рече дека, кога станува збор за мрежите 5G, Србија се обврзала да работи со сериозни трговци и дека ќе ги направи сите безбедносни контроли на аеродромите со цел да се постигне безвизен режим со САД.

„Договоривме мораториум дека Косово нема да бара пристап до меѓународните организации за следната година“, рече тој.

Вучиќ рече дека американската делегација, за време на состанокот, инсистирала Србија да го повика Израел да ја признае независноста на Косово.

„Рековме дека не сакаме да го сториме тоа, затоа што ја уништуваме целата наша политика. Рековме дека нема да бидема за тоа, доколку Приштина и Израел се договорат, нека се договорат. Во нашиот документ со Американците, му понудивме на Израел да ја пренесеме амбасадата, ако тие ја почитуваат Србија“, рече првиот човек на државата.

По средбата во Вашингтон, српската делегација, најави Вучиќ, патува за Брисел.

Слични содржини