Хрватска: 311 новозаболен, починаа две лица

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Во последните 24 часа, во Хрватска се потврдени нови 311 случај на коронавирус, така што вкупниот број на активни случаи сега е 2.771, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Како што се наведува, изминатиот ден биле тестирани 3.939 примероци, пренесува Танјуг.

Во изминатиот ден починаа уште две лица.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се регистрирани 11.739 случаи на коронавирус, а 197 лица починале.

Слични содржини