Кој е Дритан Абазовиќ, човекот кој го сруши „вечниот“ Ѓукановиќ?

од Vladimir Zorba
495 прегледи

Дритан Абазовиќ е името за кое се зборува многу на Балканот во изминатите неколку дена. За човекот кој ја држи политичката судбина на Црна Гора во свои раце, се зборува насекаде, од високи дипломатски кругови, до пазари и кафулиња … И сите се прашуваат кој е Дритан и како одеднаш стана толку важен?

До објавувањето на резултатите од парламентарните избори во неделата, се чини дека Абазовиќ беше познат само во рамките на Црна Гора, каде што тој беше еден од факторите на политичката сцена повеќе од една деценија, иако има само 35 години. Од неделата вечер, и по објавувањето на прелиминарните резултати од изборите, сите знаат за него.

Лидерот на Обединетата реформска акција (УРА) е роден во Улцињ. По професија е политиколог. Завршил средно училиште во Улцињ, Факултет за политички науки во Сараево, каде што беше студент на генерацијата и ги заврши студиите за рекордни две и пол години, магистрираше во Подгорица, а докторат во Сараево.

Судејќи според фотографиите што ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи, може да се заклучи дека Абазовиќ, покрај „борбата за трансформација на Црна Гора“, во слободното време сака и да патува, да спортува, да плови по Јадранот …

Абразовиќ често „поставува“ фотографии од бројни патувања на својот Инстаграм профил.

Египет, Тајван, Финска, Малта, Италија, Холандија, се само некои од земјите што ги посетил Абразовиќ и ги споделил своите спомени со своите придружници.

Црногорскиот политичар е љубител и на екстремните спортови.

Младиот Албанец адреналинот го бара во спортски авантури, кој несомнено му беше потребен за да го победи Мило Ѓукановиќ. Рафтинг, параглајдерство, се само некои од екстремните спортови во кои тој се пробал.

View this post on Instagram

Turnir u basketu 😄🏀🏀

A post shared by dr Dritan Abazovic (@dritanabazovic) on

Покрај екстремните спортови, тој сака и спортови со топка. Тој е добар во фудбалот, но се чини дека е уште подобар во кошарката, па заедно со познати луѓе во Црна Гора учествуваше и на ревијални турнири во овој спорт.

Освен што сака да игра фудбал, Абазовиќ присуствува и на натпревари, а покрај репрезентацијата на Црна Гора го поддржува и фудбалскиот клуб „Интер“ од Милано.

Абазовиќ е пријател и со црногорскиот фудбалски репрезентативец, Стеван Јоветиќ, кој додека играше за Интер, му даде влезница за мечот, и веројатно влијаеше на Абазовиќ да го добие дресот на овој италијански великан со своето име на грбот.

Слични содржини