Гренел ги искара новинарите во Вашингтон: Дали воопшто знаете каде е Косово? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Специјалниот пратеник на претседателот на САД за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, се налути за време на прес-конференцијата во врска со договорот.

Тој им замери на новинарите дека не обрнале доволно внимание на тоа прашање.

Посочи дека новинарите во салата можеби се премногу млади за она што го прават и дека не е сигурен дека ќе го најдат Косово на мапата.

Гренел се обиде да ја подвлече важноста на договорот, истакнувајќи ги напорите што Трамп ги вложил за да ги донесе на маса претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

„Дозволете ми само да кажам за Косово и Србија! Јас дури и не знам дали можете да го најдете на мапата. Но, ова е ужасно“, прекина Гренел еден новинар, кој беше крајно вознемирен.

„Можеби сте премногу млади за да разберете за што станува збор за ова прашање. Можеби постарите новинари треба да излезат и да речат: „Ова е голема работа. Ова е големо прашање“, продолжи тој.

Специјалниот пратеник исто така им рече на новинарите дека не е сигурен дали воопшто знаат што се случува надвор од Вашингтон.

Џеф Мејсон, дописник на Ројтерс од Белата куќа, се спротивстави, велејќи дека никој од неговите колеги „не дошол да слуша предавања“.

Гренел одговори дека Балканот може да биде „премногу комплициран проблем за присутните“ и им предложи да одвојат „малку време и да разговараат за ова прашање старо 21 година“.

Слични содржини