И косовската делегација доби клуч од Белата куќа

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека ги добил клучевите од Белата куќа како подарок од претседателот Трамп, за да може секогаш да доаѓа. Денес, косовската делегација се пофали дека и таа го добила клучот, како подарок по потпишувањето на договорот, а тоа беше забележано на социјалните мрежи, каде шефот на неговиот кабинет, Ардита Души, се пофали со овој, на крајот, не толку уникатен подарок.

Души на својот Фејсбук профил напиша објава во која накратко изјави дека го добила клучот од Белата куќа и дека тоа е подарок од претседателот Трамп, а истото беше забележано и на Твитер.

Потсетуваме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека добил повеќе подароци од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, меѓу кои се и клучевите на Белата куќа, како и дека претседателот на САД му рекол „секогаш може да дојде“.

„Ова е пенкало што го добив од Доналд Трамп. Само тој потпишува со него, бидејќи ми напиша порака на парче хартија. Ги добив и клучевите од Белата куќа. Трамп ми рече – „ова е за да можете секогаш да влегувате во Белата куќа“, изјави Вучиќ, додавајќи дека ќе им ги даде подароците на своите деца, додека договорот ќе се чува во архивите.

Слични содржини