Копретседавачот на Европскиот совет за надворешни работи, шведскиот дипломат Карл Билт, на својот профил на Твитер објави видео на кое се гледа реакцијата на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на обраќањето на Трамп во Овалната соба, за време на состанокот за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.
„Ова е моментот кога претседателот Вучиќ беше информиран дека ќе ја премести (српската) амбасада во Израел во Ерусалим“, и закачи видео со дел од говорот на Трамп во кој тој рече дека амбасадата ќе биде преместена во јули, констатирајќи дека „тоа е фантастична и одлична изјава “.
Реакцијата на претседателот на Србија беше зачудувачка, на снимката се чини како да слушнал за оваа точка за прв пат, а погледот упатен кон членовите на српската делегација дополнително предизвикува сомнеж дека Вучиќ не знаел што потпишува.
Трансферот на српската амбасада во Ерусалим е последната точка од договорот потпишан во Белата куќа во петокот. Со тоа, Србија се обврзува да отвори канцеларија на Стопанската комора во Ерусалим, како и државна канцеларија до 20 септември, како и да ќе ја премести амбасадата во Ерусалим до 1 јули 2021 година.
Here the moment President Vucic 🇷🇸 was informed that he was going to move his Israel 🇮🇱 embassy to Jerusalem. pic.twitter.com/8195dGDZQT
— Carl Bildt (@carlbildt) September 5, 2020