Захарова му се извини на Вучиќ

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на својот Фејсбук профил изјави дека нејзината објава за средбата помеѓу Александар Вучиќ и Доналд Трамп не е правилно толкувана.

„Се извинувам, но мојот пост беше погрешно протолкуван! Единственото нешто што беше напишано во него беше несогласувањето со арогантниот став на „исклучителните“, напиша Захарова во објава на Фејсбук со претходно објавените фотографии.

Потсетуваме, портпаролот на Министерството за надворешни работи направи паралела помеѓу средбата на претседателите на Србија и САД, Александар Вучиќ и Доналд Трамп, во Белата куќа и култната сцена од филмот „Ниски страсти“, прикажувајќи ја Шерон Стоун како седи со скрстени нозе.

„Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седете како на фотографијата број два, кој и да сте. Верувајте ми“, напиша таа на Фејсбук.

Если Вас позвали в БД, а стул поставили так, будто Вы на допросе, садитесь как на фото #2. Кем бы Вы ни были. Просто…

Публикувахте от Maria Zakharova в Събота, 5 септември 2020 г.

Слични содржини