Гренел: Исфрлената точка 10 ќе се најде на дневен ред во Брисел

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Ричард Гренел, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Србија и Косово, рече дека точката 10 е отфрлена од договорот потпишан во Вашингтон.

Тој изјави дека една од причините зошто тие се подготвени да не разговараат за тоа во Вашингтон е тоа што точката ќе биде на дневен ред на состанокот во Брисел, каде утре Александар Вучиќ и Авдулах Хоти повторно ќе се сретнат.

„Се обидуваме да го сториме ова заедно со ЕУ, да видиме што можеме ние да сториме, што можете вие да направите за да се придвижи ова напред. Ова детално ќе се дискутира во понеделник. Затоа ја исфрливме“, рече Гренел.

Потсетуваме, српските медиуми, додека траеше состанокот во Белата куќа, објавија дека пред српската делегација е ставен документ со 16 точки и дека едната предвидува заемно признавање.

Оваа информација тогаш ја потврди министерот за финансии, Синиша Мали, пред новинарите во Вашингтон, додека Ричард Гренел ги демантираше на Твитер.

Слични содржини