Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, повторно ги поддржал демонстрациите во Белорусија, оценувајќи ги масовните протести во таа земја како „импресивни“, објавено е на неговиот профил на Твитер.
Како што напишал Борел, „импресивните масовни демонстрации, што се одржуваат во Минск и другите градови во Белорусија, покажуваат решеност на белорускиот народ да се залага за својата слобода, права и демократија, и покрај апсењата, заплашувањата и насилствата извршени од властите“.
Шефот на европската дипломатија посочил дека на Белорусија ѝ треба „инклузивен национален дијалог“.
Once again, impressive mass demonstrations in Minsk & other cities show determination of Belarusian people to achieve their freedoms, rights & democracy.
All this in spite of arrests, intimidation & violence from #Belarus authorities.
Inclusive national dialogue is needed.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) September 6, 2020
Претходно, медиумите пишуваа дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нема да се најде на списокот со санкции на ЕУ, иако беше најавено претходно.