Шокантно видео од полициска интервенција за време на протестот во Хонг Конг се шири на социјалните мрежи, каде се гледа како полицијата апси 12-годишно девојче.
Семејството на девојчето, кое најави тужба поради полициската бруталност, тврди дека девојчето случајно се наоѓало меѓу демонстрантите додека купувало уметнички материјали.
На видеото се гледа како полицијата опкружува група демонстранти, вклучително и девојчето кое во паника се обидува да избега.
Еден од полицајците успеа да ја турне на земја, а потоа уште неколкумина трчале да му помогнат да ја задржи, додека другите ја растерувале групата насобрани демонстранти.
Полицијата потврди дека уапсила 12-годишно девојче која „сомнително избегала“ и изјави дека нивните членови употребиле минимална сила за да ја задржат.
Последната година во Хонг Конг траат протести против законот за национална безбедност воведени од Кина.
Снимките објавени на Твитер покажуваат како полицијата ги растерува групите кои демонстрираат со солзавец и со употреба на сила.