Хрватска: Тројца мртви, 341 новозаразени со Ковид-19

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Во последните 24 часа се евидентирани 341 нов случај на заразени со коронавирус, со што бројот на активни случаи во Хрватска се зголеми на 2.587.

Меѓу нив, 299 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Три лица починаа.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 12.626 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 206 починале, а 9.833 се опоравиле.

Во моментов има 8.688 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 201.138 лица, од кои 4.172 во последните 24 часа.

Слични содржини